More

    Гутереш (ОН): Плаќаме ужасна цена поради фосилните горива, запрете го лудилото

    Речиси 1.400 луѓе загинаа во поплавите што зафатија една третина од Пакистан – територија со големина на Обединетото Кралство – уништувајќи житни култури, домови, бизниси, патишта и мостови, пренесува Цивилмедиа.

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за време на својата посета на делови од Пакистан, погодени од поплавите како последица на климатските промени, изјави дека земјите во развој плаќаат „ужасна цена“ поради зависноста на светот од фосилни горива.

    – Од Исламабад, упатувам апел до светот: Запрете го лудилото. Инвестирајте сега во обновливи извори на енергија. Завршете ја војната со природата, порача Гутереш.

    Пакистан вообичаено доживува обилни, често разорни дождови во сезоната на монсуните, што е од клучно значење за земјоделството и снабдувањето со вода. Но, такви интензивни врнежи како оваа година не се забележани со децении.

    Гутереш вчера се пожали на недостиг на внимание што светот го посветува на климатските промени – особено индустријализираните држави, кои научниците ги обвинуваат.

    – Ова е лудост, ова е колективно самоубиство, нагласи генералниот секретар на ОН.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version