Последни написи

Веб страницата на Министерството за образование и наука е хакирана

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е под хакерски напад. Неколку часа на сајтот на ова Министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“ (HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS), јавува Цивилмедиа.

Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia).

Во моментов интернет страницата на МОН е се уште недостапна.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај