Последни написи

Чарлс Трети oфицијално е прогласен за нов крал на Обединетото Кралство

Чарлс Трети денеска официјално е прогласен за нов британски крал пред Советот за наследување во палатата Сент Џејмс во Лондон, пренесува Цивилмедиа.

Пред прогласувањето на кралот, официјално беше соопштено дека починала кралицата Елизабета Втора.

На прогласувањето присуствуваа неговиот син принцот Вилијам и сопругата Камила, а настанот првпат во историјата беше пренесуван во живо.

Присуствуваа поканети тајни советници, кои им служат на министрите во Владата, а присутни се и сите шест живи поранешни британски премиери.

Новата британска премиерка Лиз Трас се приклучи на потпишувањето на декларацијата со која Чарлс Трети формално се признава за крал.

Советот за наследување, составен од членови на кралското семејство, премиерот и други високи британски политичари и надбискупот од Кентербери, се собра денеска во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на суверенот, за да го прогласи кралот.

Состанокот на Советот за наследување има два дела – прогласување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на Црквата во Шкотска.

Во текот на денот предвидено е Парламентот да му положи заклетва на кралот и да му изрази сочувство поради смртта на неговата мајка, досегашната кралица Елизабета Втора, а новиот крал потоа треба да ги прими премиерката и главните министри, наведуваат британските медиуми.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај