Последни написи

Украина го пробила фронтот кај Харкив во длабочина од 50 километри

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео на кое се гледа како украинските војници известуваат за извршувањето на наредбата за ослободување од руските агресори, на градот Балаклија во регионот Харкив, Видеото е објавено на профилите на претседателот Зеленски на социјалните мрежи, пренесува Укринформ, објави Фронтлајн.мк.

Kако што соопштил Генералштабот на вооружените сили на Украина, војската на Украина ослободила повеќе од 20 населени места во регионот Харкив. Вкупно, повеќе од 700 квадратни километри се ослободени од руските сили во правците Харкив и Јужен Бух.

Одбранбените сили водат успешна контраофанзива во насока на Харкив: со поддршка на локалното население, вооружените сили напредуваат речиси 50 километри во рок од само три дена, известува Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Противникот ги насочи своите напори на воспоставување целосна контрола врз територијата на регионот Доњецк, одржување на контролата врз привремено заземените области на регионот Херсон и делови од регионите Харкив, Запорожје и Миколаев. Нивните беспилотни летала постојано вршат воздушни извидувачки летови, додека непријателските сили продолжуваат да преземаат мерки за подобрување на снабдувањето на нивните војници“, се вели во соопштението.

Според Генералштабот, во некои области на регионот Херсон, единиците на руската армија се префрлаат на тактики на терористички напади насочени кон локални цивили. Според достапните разузнавачки информации, во населбата Велика Олександривка окупаторите го користат локалното население како жив штит. Селото е затворено за влез и излез, се наведува во сопштението.

„Украинските одбранбени сили херојски ја држат својата позиција, не дозволувајќи му на непријателот да напредува. Нашите бранители успешно ја одбија непријателската офанзива во областите Уда, Костјантинивка, Вирнопиља, Плоске, Мајорск, Безимен и Камијанка“, се вели во соопштението.

Според разузнавачките податоци од украинскиот Генералштаб, голем број непријателски единици претрпеле значителни загуби.

Руските сили се обидуваат да го евакуираат ранетиот персонал и оштетената воена опрема во областите Вилхуватка и Бородјарске. Војниците се префрлаат во цивилна облека, обидувајќи се да дезертираат и да се вратат на територијата на Руската Федерација. Во текот на изминатиот ден биле пријавени повеќе од 15 вакви случаи, се наведува во соопштението.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај