Последни написи

НАТО комуникаторите имаат и ја развиваат стратегијата за отпорност против дезинфорамциите

Дезинформациите се дел од реалноста, НАТО комуникаторите имаат и ја развиваат стратегијата за отпорност од оваа опасност

Македонија покажува лидерство во градење не само на воени капацитети, туку и во областа на информациското опкружување, вели директорот за комуникации во НАТО, Џеј Џенсен во интерју за Радио Слободна Европа, и додаба дека во тој контекст Регионалниот центар за односи со јавноста досега обучил повеќе од 1600 учесници од 40 земји од НАТО и партнерите

Во време на бројни безбедносни предизвици со кои се соочува светот, еден од приоритетите со кој се бори северноатлантскиот сојуз е и борбата против лажните вести и дезинформации, вели Џеј Џенсен, директор за комуникации при Сојузничката команда за операции на НАТО.

За Џенсен улогата на Северна Македонија како домаќин на НАТО конференцијата за комуникатори е еден од сигналите дека земјава успешно се справува во делот на стратегиските комуникации.

Од пред две години Регионалниот центар за односи со јавност (PARC) прерасна во регионален НАТО-центар за борба против лажни вести и дезинформации, а според претставникот на НАТО, Центарот е многу важен линк во комуникацијата и размената на информации и искуства меѓу Северна Македонија и НАТО.

„Организацијата на НАТО конференцијата во Скопје е зацврстување на тие врски, тие обиди да се разменат искуства, лекции, најдобри практики. Тоа е навистина позитивен чекор напред. Северна Македонија како релативно мала и најнова земја членка поставува добар пример“, вели Џенсен во неделното интервју.

Инаку Регионалниот центар за односи со јавноста (PARC) во Министерството за одбрана е единствениот партнерски центар за обука и едукација на НАТО во Северна Македонија, односно единствен во рамките на сегашната мрежа од 34 такви центри ширум светот, што се исклучиво специјализирани за обезбедување активности за обука во областа на односите со јавноста.

Во програмата на актуелната Влада стои дека еден од приоритетите ќе и биде таканаречениот концепт на „паметна одбрана“.

„Ќе се специјализираме, во духот на концептот на „паметна одбрана“. Информациите и лажните вести, како и стратешките комуникации и односите со јавноста стануваат безбедносни прашања од највисок приоритет. Имаме искуство и знаење кое може да го понудиме и да го надградиме“, стои во програмата за работа на Владата.

Џенсен истакнува дека дезинформациите и лажните вести се дел од реалноста и дека НАТО комуникаторите работат на развивање стратегија за создавање поголема отпорност кон дезинформациите.

„И за нас во НАТО предизвикот е да разбереме што се случува, како да ги детектираме тие противнички напори, како да ги заштитиме нашите општества и трупи и како да користиме соодветни алатки за да го пренесеме нашиот наратив. Не можеме да користиме истите тактики и техники како нашите противници бидејќи сме во сојуз кој се заснова на вредности, но сепак треба да бидеме ефективни во комуницирањето и справувањето со штетните информации“, вели Џенсен.

Извор: РСЕ

Latest Posts

Не пропуштај