More

    Блинкен и Столтенберг: Остануваме заедно на поддршката за Украина и во одбрана на нашите народи и нашите вредности

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска во Брисел одржаа заедничка прес конференција на крајот на состанокот на  Северноатлантскиот совет, посветен на следните активности за воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина.

    Генералниот секретар Столтенберг истакна дека САД имаат клучна улога во поддршката на Украина во заштитата на својата независна суверена држава.

    „Ја поздравувам одлуката за новата, дополнителна поддршка на САД вредна милијарди долари“, и додаде дека „сето ова јасно покажува дека нашата посветеност на членот 5 е непоколеблива. Европа и САД продолжуваат заеднички во одбрана на нашите народи и нашите вредности“, нагласи генералниот сектретар на НАТО Столтенберг.

    Генералниот секретар рече дека на состанокот на Северно-атлантскиот совет било укажано дека војната во Украина влегува во критична фаза.

    „Сите ние ќе платиме многу повисока цена ако Русија и другите авторитарни режими видат дека нивната агресија ги исполнила очекувањата. Ако Русија престане да се бори, ќе има мир. Ако Украина престане да се бори, таа ќе престане да постои како независна нација. Затоа, ние мора да останеме на курсот, за доброто на Украина и за наше добро“, потенцираше Столтенберг.

    Државниот секретар на САД, Блинкен во своето обраќање нагласи дека Америка останува заедно со сојузниците во НАТО силно посветена на поддршката на Украина, и дополни дека Вашингтон ќе остане со силна поддршка и со сите европски земји за да го совлада предизвикот со енергетската криза што Русија и Путин ја користат како оружје против прогресивниот свет, кој застана цврсто против воената агресија на Москва врз една суверена земја.

    „Затоа е многу важно да останеме обединети. Обединети во поддршката на Украина и обединети против насилството на Путин, да ја користи енергијата како оружје против земјите што застанаа во поддршка на Украина. Затоа, САД ќе бидат тука за време на зимата за да им помогнат на нашите европски пријатели“, рече Блинкен.

    Извор: НАТО

    Exit mobile version