More

    Загрижени за здравјето на кралицата Елизабета Втора, кралското семејство се собра во Балморал

    Членовите на кралското семејство се на пат кон кралската резиденција Балморал во Шкотска откако лекарите изразија загриженост за здравјето на британската кралица Елизабета Втора и советуваа таа да остане под медицински надзор, соопшти  Бакингемската палата.

    Како што јавија сметските медиуми, наследникот на тронот, принцот Чарлс, војводата од Корнвол и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, се веќе во Балморал, а во меѓувреме пристигнале и другите три деца на кралицата, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард, како и нејзините внук принцот Вилијам, војводата од Кембриџ и принцот Хари.

    Пред Бакингемската палата во Лондон веќе се собрани голем број британски граѓани загрижени за здравјето на Кралицата Елизабета втора.

    Кралицата Елизабета втора е на возраст од 96 години, и е на престолот речиси 71 година.

    Exit mobile version