More

    Почина кралицата Елизабета Втора

    Кралицата Елизабета Втора, монархот со најдолг стаж во Велика Британија, почина во Балморал на 96-годишна возраст, откако владееше 70 години, јави БиБиСи.

    „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево“, пишува во соопштението од Бакингемската палата.

    Нејзиното семејство во текот на денот се собра на нејзиниот имот во Шкотска, откако лекарите изразија сериозно загриженост за нејзиното здравје.

    Кралицата беше на кралскиот трон на Обединетото Кралство и државите на Комонвелтот во 1952 година и беше сведок на огромни општествени промени.

    Со нејзината смрт, нејзиниот најстар син Чарлс, поранешниот принц од Велс, ќе ја води земјата во жалост како нов крал и шеф на државата за 14 кралства на Комонвелтот.

    Exit mobile version