More

    Во Струмица денеска ќе се одржи музичкиот настан „GetEXITED“ и Фестивалот на храна и вино во рамките на „Отворен Балкан“

    Денеска во Струмица ќе се одржи „GetEXITED“, голема еднодневна забава – музички настан, како дел од регионалниот Фестивал на храна, вино и туризам што од 1 дo 4 септември се одржа во Белград во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

    Во рамки на настанот, кој е предвидено да започне во 18 часот, а да заврши во 4 часот наутро, ќе настапат повеќе музички имиња од регионалната и светската електронска музичка сцена, меѓу кои Дебора де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар.

    Музичкиот настан, заедно со Фестивалот на храна и вино ќе биде отворен бесплатно за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица.

    На фестивалот ќе настапат и култниот македонски бенд 21 век, Дина Јашари, World music составот од Струмица, Џамбо Агушеви Оркестар, како и диџеите Гоце С.А.Ф и Чваре.

    Exit mobile version