Последни написи

Ковачевски: Стратешките комуникации имаат најважна улога против дезинформациите чија цел е да внесат немир и страв

„Комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста од денеска. Безбедносната криза со која се соочува Европа и светот, како и во информациската сфера преку сајбер безбедноста и хибридните напади, покажува дека сите ние без разлика дали како членки на НАТО или како европски, и уште повеќе балкански земји, ќе мора да продолжиме со интензивниот фокус на ова поле“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на отворањето на Конференцијата на комуникаторите на НАТO во Скопје на која присуствуваат над 300 учесници од сите земји ан алијансата.

Ковачевски уште додаде дека воената инвазија врз Украина од страна на Русија, и огромниот наплив на дезинформации околу истата, ни покажа дека комуникациите може да имаат сериозно раздорно влијание и против таквото влијание мора да се бориме. Точно е дека Украина, рече Ковачевски, во овој момент одлично се справува со информациската војна, за што од сите нас имаат поддршка, но токму таа информациска војна ни покажува колкава е улогата на комуникациите во стабилноста на една земја и еден регион.

„Сметам дека во ерата на дезинформациите и хибридните напади, токму стратешките комуникации имаат најважна улога во борбата и доспевот на точните и проверени информации до граѓаните, наспроти дезинформациите чија цел е да внесат немир и страв“, нагласи премиерот на Северна Македонија.

Тој дополни дека борбата со дезинформациите е приоритет на Владата која се остварува со партнерски со медиумските и граѓанските кругови, бидејќи, како што потенцираше Ковачевски, само здружениот општествен пристап може да биде одговор, бидејќи проблемот со хибридните дејствија е сложен и влијае на целото општество.

 

Latest Posts

Не пропуштај