More

    Пропагандно видео на Гаспром со заканувачки наслов „Зимата ќе биде долга“

    Компанијата Гаспром, којашто е под апсолутна контрола на Кремљ и Путин, објави видео во која е искористена песна од советската ера „Зимата ќе биде долга“ (A zima budet bolshaya), од времето на студената војна, која започнува со човек во униформа на енергетскиот гигант кој ги исклучува постројките за гас по следуваат кадри на кои гледаме како зимата со магла и мракот ги покриваат европските градови.

    Видеото направено во духот на најмрачната пропаганда и психолошка војна, е придружено со стиховите:

    А, зимата ќе биде голема, еве, погледнете, преку реката. Есента полека умира и отпоздравува со жолтата рака…“, и која завршува со предвидувањето дека зимата ќе ја следи „само темнина и снег“.

    Оваа порака на Гаспром доаѓа само неколку дена откако компанијата првично најави тридневен прекин на испораките на гас преку гасоводот Северен Ток 1, а потоа најави дека гасоводот ќе биде затворен на неодредено време.

    Иако Русија ги наведе техничките проблеми за наводно протекување гас на гасоводната инсталација Северен ток 1, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, всушност откри дека снабдувањето на Европа со гас преку гасоводот ќе продолжи доколку земјите од ЕУ ги ублажат санкциите.

    Од Брисел ја повикаа Москва да престане со уцените, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, затоа најави мерки за помош на домаќинствата и бизнисите.

    Exit mobile version