Последни написи

Лиз Трас и официјално е нова премиерка на Обединетото Кралство

Лиз Трас и официјални стана новa премиеркa на Обединетото Кралство откако беше примена од кралицата Елизабета Втора на состанокот во Балморал, Шкотска, што е составен дел од постпаката за избор на премиер на британската влада.

Таа се соочува со предизвици кои вклучуваат енергетска криза и одржување на поддршката од јавноста за силниот одговор на Западот на руската инвазија на Украина, пренесе денеска агенцијата МЕТА.

Таа посочи дека еден од нејзините први чекори ќе биде да ги „замрзне“ сметките за електрична енергија и другите трошоци преку план вреден над 115 милијарди долари.

Пред да ја напушти функцијата, сега екс-премиерот Борис Џонсон најави поддршка за Трас и рече дека рускиот претседател Владимир Путин е во „целосна заблуда“ ако мисли дека ќе му успее да „уценува и малтретира“ со снабдувањето со гас.

Пред Даунинг стрит бр. 10 за време на неговото последно појавување како премиер, Џонсон предвиде дека Обединетото Кралство ќе ја задржи „економската моќ за да им ги даде на луѓето парите што им се потребни за да ја пребродат оваа енергетска криза што е предизвикана од злобната војна на Путин“.

Извор: МЕТА

Latest Posts

Не пропуштај