Последни написи

Кировски: Жестокиот националист Апасиев со вокабулар на типичен говор на омраза кон медиумите и новинарите од времето на владеењето на Никола Груевски

Во колумната „Пасокизација“, Атанас Кировски детектира говор на омраза кон медиумите и новинарите од страна на „жестокиот националист Апасиев“:

„Не може жестокиот националист Апасиев, да се потклава себеси како левичарот космополит Ципрас. Или, што би рекле Дебармаалци – не може и чифт и тек да е негово. Радикалните националистички позиции му носат гласови во моменти на отстапки во преговорите со соседите и тешката политичка криза со која се соочува Македонија, но се повеќе го оддалечуваат од автентичните левичарски позиции. Пред само неколку дена го повтори говорот на омраза кон новинарите и медиумите во Македонија со левичарска и космополитска провиниенција : „Платените соросписки медиуми не и можат ништо на една жива и жилава организација  која е масовно прифатена од народот“.

Кировски смета дека Апасиев користи говор на омраза кон медиумите и новинарите како од времето на владеењето на Никола Груевски:

„Ова е вокабулар на типичен говор на омраза кон медиумите и новинарите од времето на владеењето на Никола Груевски, инсталиран од најекстремните десничарски елементи во општеството, кои се чиста спротивност на левицата,  а контекстот на навредите е дека станува збор за луѓе кои се платеници и „медиумски ороспии“, кои се откажале од своите национални чувства, и ги продале на „Сорос“ и меѓународниот фактор. Вакви примери на говор на омраза и етикетирање на неистомисленици се секојдневна одлика на настапите на Апасиев.“

Кировски смета дека политиката на Левица во однос на албанскиот политички фактор во Македонија сосема го одзема капацитетот на евентуално коалицирање во идна влада, со некоја од албанските политички партии: „Секоја партија на етничките Албанци, која би влегла во некаков политички сојуз со Левица, би загубила од својата поддршка кај електоратот. Ако докрај се прават аналогии со грчката политичка сцена, таму имаше 2 партии без коалициски капацитет : КПГ која самата не сакаше да коалицира со никого по никоја цена, и неонацистичката Златна Зора со која никој не сакаше да коалицира, по никоја цена.“

Повеќе во колумната на Кировски „Пасокизација“, објавена на ИМА.

Latest Posts

Не пропуштај