More

    Укринформ: Лошото снабдување предизвикало бунт меѓу руските војници во јужна Украина

    Меѓу руските војниците од 127-от полк на 1-виот армиски корпус, распоредени во јужниот дел на Украина, беа регистрирани немири поради големи проблеми со снабдувањето на фронтот, бидејќи единицата дури и нема достапна вода за своите војници, пренесува Укринформ повикувајќи се на Украинската оперативна команда Југ.

    Според достапните податоци, руските војници направиле бунт со колективно одбивање да ги применуваат наредбите, но специјалните служби на окупаторските сили презеле мерки против бунтовниците и ги одстраниле од позициите на единицата.

    Како што е наведено од Оперативната команда Југ, ситуацијата во оперативната зона Јужен Бух останува напната и динамична,и дека е под контрола на одбранбените сили на Украина.

    Сега се водат битки со цел да се подобрат позициите на првата линија. Примарна цел на Украина е командниот систем на непријателот и рутите за снабдување, а руските сили продолжуваат да се спротивставуваат на украинската офанзива.

    Во меѓувреме, руската поморска група во Црното Море продолжува да се заканува со ракетни напади од два ракетни носачи.

    „Имајќи ги предвид сите закани и ризици што ги носи регионалната ескалација, ОК Југ уште еднаш ги повикува луѓето да не ги игнорираат сирените за воздушни напади и да го следат протоколот за итни случаи“, се вели во соопштението.

    Во неделата, на 4 септември, украинската војска елиминирала 104 окупатори, уништувајќи шест главни борбени тенкови, девет хаубици, складиште за муниција и понтонски премин во близина на селото Лвове.

    Извор: Цивилмедиа

    Exit mobile version