Последни написи

Заради штрајк на летачкиот персонал Луфтханза откажа 800 летови

Пилотите и другиот помошен персонал на една од најголемите европски авиокомпании Луфтханза преку нивниот репрезентативниот синдикат денеска соопштоја декаа започнуваат штрајк откако раководството на компанијата ги отфрли барањата за зголемување на плати автоматско зголемување на платите прилагодено според инфлацијата во 2023 година.

Како што пренесуваат медиумите со штрајкот се опфатени сите денешни патнички и карго летови од двата Франкфурт и Минхен, одноно околу 800 летови со близлу 130.000 патници.

Од Луфтханза, пак, соопштуваат дека понудила линеарно зголемување од 900 евра, што претставува зголемување од пет отсто за постарите пилоти и зголемување од 18 отсто за оние кои штотуку ја започнале својата летечка кариера.

Оваа понуда на компанијата синдикатот на пилотите ја одби и остана на барањата за нов систем за плати и одмор за кој авиокомпанијата рече дека ќе ги зголеми трошоците за вработените за околу 40 отсто или за околу 900 милиони евра за две години.

Latest Posts

Не пропуштај