More

    Лидерска средба и Македонска вечер во рамките на самитот „Отворен Балкан“ во Белград

    Денеска во Белград започна Самитот „Отворен Балкан” којшто беше отворен со поздравни обраќања на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, како и на шефовите и министри на влади и на држави од регионот и гости од ЕУ и САД.

    На Самитот дел од ресорните министерства на трите држави ќе потпишат договори меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

    Во завршницата на Самитот ќе се одржи македонска вечер како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, чиј што домаќин е премиерот Ковачевски, а ќе присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија и на другите земји од регионот присутни на Саемот во Белград.

    Exit mobile version