Последни написи

ЕУ ги охрабрува српските власти да најдат решение за одржување на Европрајд

Европската Унијата ги охрабрува српските власти да продолжат со контактите со организаторите на Европрајд, со цел да се најде решение за одржување на Прајд во мир и безбедност и изрази надеж за позитивна конечна одлука, се вели во писмената изјава на портпаролот на ЕУ Петар Стано.

Во соопштението се истакнува дека ЕУ ја поддржува еднаквоста и ги отфрла сите форми на дискриминација и дека очекува нејзините најблиски партнери да се посветат на заштитата и подобрувањето на човековите права.

Ова соопштение на секторот за односи со јавност на ЕУ доаѓа ооткако претходно, 145 членови на Европскиот Парламент побараа од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја повлече контроверзната одлука за откажување на Европрајдот 2022 година кој требаше да се одржи подоцна месецов во главниот град на Србија.

Неодамна и американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да остане доследна на својата првична одлука да биде домаќин на меѓународниот настан „Европрајд 2022“ и да ја одржи парадата.

Меѓународниот настан „Европрајд“ секоја година се оджрува во различен град, а оваа година требаше да се одржи во главниот град на Србија од 12 до 18 септември. Белград беше прогласен за првиот град во Југоисточна Европа кој требаше да го одржи Европрајдот, но Вучиќ го откажа настанот.

Според ИЛГА-Европа, Србија котира прилично лошо во поглед на ЛГБТК+ правата. Во земјата нема уставна заштита, правно родово признавање, легислатива за злосторства од омраза, како и недоволно развиено граѓанско општество. Но, и покрај овие проблеми земјата стои подобро во споредба со неколку земји членки на ЕУ како Полска, Летонија, Романија и Бугарија.

Latest Posts

Не пропуштај