More

    Новата учебна година започна со нови наставни програми и со повисоки плати за наставниците

    Близу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година којашто после две години стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски.

    Учениците и наставниците од прво, второ, четврто и од петто одделение наставата ќе ја следат и спроведуваат според нови наставни програми, додека учебниците според новите наставни програми се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците од овие одделенија ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје.

    Од Министерството за образование и наука во пресрет на почетокот на улебната година уверуваа дека не се работи за скрипти, туку материјали кои се квалитетни и креативни и учениците ги добиваат бесплатно.

    Од оваа улебна година наставниците со почеток од септемвриската плата ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта и откако вчера самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование.

     

    Exit mobile version