Последни написи

Со засилено присуство на КФОР на граничните премини меѓу Србија и Косово започна одлуката за реципроцитет за личните документи

На граничните премини меѓу Србија и Косово почна примената на договорот за личните карти, јавуваат српските, косовските и другите регионални медиуми.

Со договорот меѓу Белград и Приштина, Србија се обврза да не издава декларации за косовските лични карти, а за возврат косовска страна ќе им овозможи на сите што имаат српски лични карти да можат непречено да влегуваат и излегуваат од Косово.

На полноќ, според планираното, со забележително зголемено присуството на војниците на КФОР, кои се наоѓаат недалеку од административните премини Брњак и Јариње, започна имплементацијата на договорот меѓу Белград и Приштина.

Според овој договор на граѓаните кои влегуваат во Србија со косовски лични карти нема да им се издаваат дополнителни обрасци за декларација.

Кога косовската влада последен пат се обиде да ја спроведе одлуката за реципроцитет, Србите од северно Косово одговорија со подигање барикади.

Од друга страна, косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека е започната замената на регистарските таблички на Република Србија со оние на Косово и дека овој процес ќе трае до 31 октомври, а ќе се спроведува во 34 општински центри за регистрација на возила.

Latest Posts

Не пропуштај