More

    Цветковиќ: Поделбата на важни и неважни луѓе предизвикува гнев и горчина

    Ирена Цветковиќ, извршната директорка на Коалицијата Маргини чијашто мисија е заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, со фокус на ЛГБТИ луѓето, луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/чки, луѓето кои живеат со ХИВ и маргинализираните жени, во својата колумна за Призма под наслов „Важни и неважни луѓе“ укажува на „континуираната пракса на нееднаквост“ и ја оценува како „конститутивна за системите што ги градиме и ги живееме“ во која „едни луѓе се важни, а други неважни, едни животи се вредни, други не толку, едни тела се подобни, други одбивни“.

    Оваа своја реакција активистката за човекови права Цветковиќ ја извлекува од континуираната пракса на неказнивост и на отсуство на реакција на институциите на системот поврзани со сериозни форми на насилство врз ранливи и маргинализирани групи и врз нивните припадници или поддржувачи.

    За разлика од десеттиците случаи на регистрирано насилство врз овие наши сограѓани, потенцира Цветковиќ, институционалниот одговор и казните за сторителите во случаите со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во случајот на нападот со влечење за коса врз пратеничката Радмила Шекеринска, како и експресното разрешување на случајот со заканите врз амбасадорката на Обединетото Кралство, создваа ситуација во која некои се важни, а некои неважни луѓе.

    „Оваа континуирана пракса на нееднаквост е речиси конститутивна за системите што ги градиме и ги живееме. Па така, едни луѓе се важни, а други неважни, едни животи се вредни, други не толку, едни тела се подобни, други одбивни“, констатира Ирена Цветковиќ во својата колумна за Призма.

    Извршната директорка на Коалицијата Маргини како дополнување на нејзините аргументи за ги наведува „последните случаи на радикални форми на јавен линч и повици за ликвидација кон професорката Колозова, навредите и говорот на омраза кон пејачката Тамара Тодевска, повиците за насилство и закани кон момчето што беше обвинето за бојадисување клупа во боите на виножитото во една скопска општина, како и купишта други активисти, уметници, новинари или интелектуалци поминаа речиси назабележително во јавноста“.

    Exit mobile version