Последни написи

УХМР најави ново невреме, градоначалникот на Центар со апел граѓаните да ги преземат сите мерки да го заштитат својот имот

Градоначалникот на општина Центар на град  Скопје, Горан Герасимовски преку соопштение до јавноста посочи дека УХМР и за денеска издаде предупредување за невреме и упати апел до граѓаните да бидат претпазливи, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затворат прозорците и соодветно да го обезбедат нивниот објект ако протекува, пренесе агенацијата МЕТА.

Како што се вели во соопштението, службите на општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје.

„Утринава имавме состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. Во контакт и
координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за
расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви. Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата“, изјави градоначалникот Герасимовски, по завршувањето на состанокот на штабот.

До општината вчера пристигнале многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори, проблеми со шахтите и сливниците и сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

Latest Posts

Не пропуштај