More

    Невремето во Скопје поплави улици, објекти и откорна дрвја, пријавени и полесно повредени граѓани

    Центарот за управување со кризи информираше дека во текот на вчерашниот ден имало над 400 повици на телефонските броеви 112 и 195 преку кои граѓаните побарале помош или интервенција заради силниот ветер проследен со обилни поројни дождови  што го зафатија Скопје околу 16.50 часот.

    ЦУК регистрирал во повеќе општини во градот околу 100-тина пријави за паднати дрвја, поплавени простории и коловози, паднати или сериозно оштетени кровни конструкции, скинати проводници, затната канализациона мрежа и други штети.

    За сите овие пријави биле известени се ЈП Водовод и Канализација, ЈП Паркови и Зеленило и Единиците за против пожарна заштита.

    Невремето предизвика големи проблеми во сообраќајот кога повеќе автомобили останаа заглавени во поплавите од поројниот дожд, додека тиновите на пожарникари и полициски екипи учествуваат во извлекувањето на граѓаните од возилата.

    Од службата за итна медицинска помош за агенцијата МИА информираат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозни повреди.

    Најголеми проблеми дождот предизвика на подвозниците кај хотелите Александар палас и Континентал, и кај стоковната куќа Мост, како и на повеќе други критичните точки во градот.

     

    Exit mobile version