More

    Граѓански протест за солидарност со активистите во Приштина против насилството врз жените и малолетните девојчиња

    На иницијатива на поголем број граѓани, денеска во Скопје, со почеток во 17 часот, на плоштадот Скендербег, ќе биде организиран „Протест против насилството врз девојките и жените“.

    Како што е најавено на социјалните мрежи, протестот се организира во знак на поддршка на активистите во Република Косово, кои денес во Приштина излегуваат на протест и го креваат својот глас против насилството врз жените и малолетните девојчиња, откако косовската јавност беше шокирана од сексуалното насилство на 5 мажи врз 11-годишно девојче.

    „Им се придружуваме на девојките и жените од Косово во нивниот повик до институциите да преземат итни мерки против одговорните криминалци и да гарантираат заштита на девојките и жените на сите јавни простори. Насилството врз девојката, насилството врз жената е насилство врз сите девојки и жени“, се истакнува во повикот од страна на истакнати граѓански активисти кои апелираат до граѓаните да им се придружат на протестот во знак на поддршка и соолидарност со граѓаните на Приштина.

    Exit mobile version