Последни написи

Гаспром денеска го запре протокот на гас низ најголемиот гасовод во Европа Северен ток 1

Русија денеска го запре протокот на гас низ најголемиот гасовод во Европа со што се интензивира економската војна меѓу Москва и Брисел и се зголемија изгледите за рецесија и продлабочување на енергетската криза со што се налага сериозна рационализација во некои од најбогатите европски земји, јавија денеска повеќе европски медиуми.

Протокот на гас кон Германија преку Балтичкото Море падна на нула во Северен тек 1, покажуваат податоците од влезната точка на Северен тек во германската гасоводна мрежа, а Гаспром обкави дека нема да има гас за Германија до раните утрински часови во сабота.

Медиумите ги пренесуваат стравувањата на европските влади дека Москва би можела да го продолжи тој период со што енергетската криза би се влошила, а тоа го најавуваат и скоковите на големопродажните цени на бензинот за повеќе од 400 отсто од август минатата година, создавајќи криза за трошоците на животот за потрошувачите и отежнувајќи ги компаниите да работат и ги принудуваат владите да потрошат милијарди за да го олеснат товарот.

 

Latest Posts

Не пропуштај