Последни написи

Реакции на одлуката на Вучиќ да го забрани ЕуроПрајд во Белград

После официјалната изјава на претседателот на Република Србија дека ја прогласува за забранета манифестацијата ЕуроПрајд во Белград, со реакција се јави Горан Милетиќ, директорот и организатор на овој настан.

Тој за порталот www.nova.rs изјави дека ја разбира пораката на претседателот на Србија дека забраната значи забрана, но дека не гледа ниту една причина зошто ЕуроПрајд да биде забранета и дека парадата треба да се одржи според планот на организаторите и на градот Белград.

Одлуката на претседателот Вучиќ дојде по препораката на министерот за внатрешни работи во Владата на Србија Александар Вулин до претседателот и до премиерката Ана Брнабиќ, според која тој не може да ги обезбеди безбедносните гаранции за одржување на ЕуроПрајд.

Во врска со оваа одлука на Вучиќ, премиерката Брнабиќ изјави дека во овој момент има поважни работи од ЕуроПрајд и дека манифестацијата ќе се одржи тогаш кога за тоа ќе бидат создадени услови, пренесува www.nova.rs.

Latest Posts

Не пропуштај