Последни написи

Одбележана 6-годишнината од проектот УСАИД за граѓанско учество во Северна Македонија

Само активно и упорно граѓанско општество е најдобриот коректор на погрешните и лошите политики за напредокот на државата. Затоа граѓанското општество треба да работи што е можно повеќе за да ги држи институциите одговорни и отчетни пред граѓаните.

Ова се главните заклучоци што произлегоа од активностите на проектот на УСАИД за граѓанско учество во Северна Македонија. Во рамките на одбележувањето на шестгодишнината од овој проект, се одржаа неколку панел дискусии, во кои учествуваше и една од трите партнерски организации, Фондацијата Метаморфозис, пишува Порталб.мк.

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, истакна дека преку овој проект последните шест години заеднички се инвестираше во зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество во Северна Македонија.

„Враќањето на оваа инвестиција даде многу важен придонес за главната цел на државата, а тоа е унапредување на правата. Заедно имплементиравме препораки за политики и законодавство поврзани со антикорупција и конфликт на интереси кои ги следат владините процеси, како и критериуми засновани на заслуги за одредени позиции. Исто така, ја покренавме и иницијативата Отворени градови, објавивме секакви податоци од институциите и им помогнавме на локалните самоуправи и на граѓаните да се вклучат во процесот на одлучување. Го направивме судскиот систем потранспарентен. Со нашите напори повеќе од 100 млади луѓе се оспособија да адресираат прашања што се однесуваат на јавни проблеми, преку наградите што беа доделени“, рече, меѓу другото, амбасадорката на САД, истакнувајќи дека е постигнат напредок, но дека има уште многу работа да се заврши и поради тоа ваквите активности треба да продолжат.

На панел дискусијата по повод 6 години од проектот УСАИД за граѓанско учество во Северна Македонија говореа и повеќе претставници на Владата и на граѓанските организации корисници на грантовите од оваа програма.

 

Latest Posts

Не пропуштај