More

    Руската новинарка Овсјаникова со транспарент пред судењето: „Нека ве прогонуваат убиените деца во вашите соништа“!

    Руската новинарка Марина Овсјаникова, која протестираше против агресијата и војната во Украина во живо на главните ТВ вести на рускиот државен Прв канал во март годинава, пред вчерашното судско сослушување држеше натпис на кој пишува: „Нека ве прогонуваат убиените деца во вашите соништа“, јави Еуроњуз.

    На видеото што го објавија медиумите, се гледа како Овсјаникова го покажува напишаниот транспарент, додека полицајците кои ја чуваат се обидуваат да го покријат за да не биде снимен од камерите на медиумите кои известуваат од нејзиното сослушување.

    Инаку, против Овсјаникова е покренато обвинение  за „дискредитација“ на руската армија.

    извор: Твитер налог на Еуроњуз

    Exit mobile version