Последни написи

ЗА „МИРОВНИОТ ФЕСТИВАЛ“ БЕЗ УМЕТНИЧКАТА АВАНГАРДА НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ПИШУВА: Петрит Сарачини
На програмата на најавениот „Мировен фестивал“, во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, не видов ниту едно име од многуте музичари и уметници од сите народи на Македонија, кои со години, и покрај многуте тешкотии и пречки, твореа ангажирано и се залагаа за мир, помирување и заедништво во нашата заедничка татковина.
Толку од мене за овој фестивал. Повеќе немам ниту желба, ниту порив да кажам. Особено не во вакви времиња, кога музиката и уметноста воопшто во земјава се узурпирани од етнонационалисти, од оние кои и со творештвото, и во умот, се заглавени во минатото и во создавањето поделби и омраза, наместо на публиката да и пружат визии за подобра заедничка иднина.
Тие се сега на пиедесталот, а оние што треба да бидат на пиедесталот, се длабоко потиснати, напаѓани, оцрнети и дискредитирани, игнорирани и заборавени. Намерно, се разбира. И со здушна поддршка на голем дел од медиумите, јавноста и политиката.
Да сте живи и здрави. Кога ќе треба да се соочите со последиците на оваа културна и општествена деградација, се надевам ќе се присетите на овие зборови на Младиќот. Да не биде дека не било кажано! ☝️

Latest Posts

Не пропуштај