Последни написи

Продолжува политичката и сексистичката црна кампања кон позната пејачка

Политички тенденциозниот наслов објавен на порталот Expres.mk „Му беше омилена пејачка на Заев, кариерата не и цвета, сега тешко ќе ја препознаете (ФОТО)“ поттикнува дискриминација врз основа на изглед и омраза врз повеќе основи.

 

Тоа може да се види и од коментарите на фејсбук страницата на порталот Expres.mk, каде што истиот наслов е објавен со најава „По ,,северна” ништо веќе не е исто како порано“.

 

Покрај дискриминаторските коментари врз основа на изглед, пејачката е нападната и со сексистички говор на омраза (“вештица“), со политички етикети и говор на омраза („северџанка“, „предавник“), со лични навреди и омаловажувања, итн.

 

Ова не е прв случај на напад со говор на омраза кон пејачката, која беше жртва на црна политичка кампања во минатото.

 

За жал, продолжува политичката црна кампања и сексистичката хајка кон позната пејачка која постигна голем успех на Евровизија, од страна на медиуми кои се должни да се придржуваат до професионалните стандарди содржани во Кодексот на новинарите и во Насоките за етичко известување во онлајн медиумите (за уредување на говорот на омраза во онлајн сферата).

 

Посебно ги издвојуваме следниве насоки:

 

„10.3. Онлајн медиумите ќе се трудат да ја зголемуваат свесноста за негативните последици од говорот на омраза, да го идентификуваат и разобличуваат таквиот говор, како и да ги посочуваат актерите што го продуцираат и се служат со него. Онлајн медиумите ќе создаваат содржини со коишто ќе се спротивставуваат на говорот на омраза и на дискриминацијата по различни основи.

10.4. Онлајн медиумите се одговорни за редовно прегледување и брзо отстранување на коментарите на корисниците што се објавуваат под новинарските содржини на вебстраниците или на социјалните мрежи, а коишто содржат говор на омраза и имаат потенцијал да предизвикаат штетни последици во општеството.“

Член 20 – Одговорност за објавувањето коментари од читатели

20.1. Онлајн медиумот е одговорен и за содржината на објавените коментари од своите читатели, објавени на веб-страницата на онлајн медиумот во просторот за коментари, под новинарските содржини.

20.2. Онлајн медиумот ќе ги отстрани сите коментари кои содржат: повикување на насилство или други кривични дела, говор на омраза, дискриминација, закани и други облици на загрозување на правата и безбедноста на поединци, групи, институции, без оглед дали се директно или индиректно поврзани со текстот или темата што се обработува во него.

 

Latest Posts

Не пропуштај