More

    Графит на антифашистички активисти во Русија: „Вистинската Антифа е против војната!“

    Антифашистичките активисти во Русија деновиве се во акција, испишувајќи графити на повеќе локации во Москва и други руски градови. На еден од овие графити пишува: „Вистинската Антифа е против војната!“

    На друг графит на антифа-активистите од Москва пишува: „Не се сите московјани Орки, НЕ за војната“.

    Графитите се одговор на пропагандата на Путин, кој се труди да ја оправда воената агресија врз Украина како „борба против нацизмот и фашизмот“.

    Очигледно, овие лаги на руската пропаганда, не само што не поминуваат во слободниот свет, туку не поминуваат веќе ни во Русија.

    Графит на руските активисти антифашисти против војната во Украина, извор: Антифа Русија
    „Не се сите московјани Орки, не на војната“, графит на руски антифашистички активисти во Москва, извор: Антифа Русија
    Exit mobile version