Антифашистичките активисти во Русија деновиве се во акција, испишувајќи графити на повеќе локации во Москва и други руски градови. На еден од овие графити пишува: „Вистинската Антифа е против војната!“
На друг графит на антифа-активистите од Москва пишува: „Не се сите московјани Орки, НЕ за војната“.
Графитите се одговор на пропагандата на Путин, кој се труди да ја оправда воената агресија врз Украина како „борба против нацизмот и фашизмот“.
Очигледно, овие лаги на руската пропаганда, не само што не поминуваат во слободниот свет, туку не поминуваат веќе ни во Русија.

