Последни написи

Хелсиншкиот комитет за Европскиот ден посветен на жртвите на дела од омраза: Говорот на омраза е сѐ поприсутен во нашето општество и е во директна корелација со злосторствата од омраза

Одбележувајќи го 22 јули, Европскиот ден посветен на жртвите на дела од омраза, Хелсиншкиот комитет нагласи дека злосторствата од омраза и понатаму остануваат непрепознаени и регистрирани како такви од страна на надлежните институции: „Ниту една институција не води статистика, односно не обрнува посебно внимание на овие кривични дела.“

Хелсиншкиот комитет укажува дека изминатата година доминирале кривични дела од омраза со политичка и етничка основа, а присутни биле и делата засновани на верска и религиозна определба, мигрантски статус и сексуална ориентација.

Хелсиншкиот комитет повторно предупреди за врската помеѓу говорот на омраза и злосторствата од омраза, како и за штетните последици од отсуството на санкции за говорот на омраза: „Говорот на омраза, кој е сѐ поприсутен во нашето општество е во директна корелација со злосторствата од омраза. Отсуството на санкции за говорот на омраза неминовно влијае врз неговиот пораст во јавната комуникација, особено кога е поттикнат од политичари и други јавни личности.“

Одбележувајќи го 22 јули, Европскиот ден посветен на жртвите на дела од омраза, и годинава нагласуваме…

Posted by Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights on Friday, July 22, 2022

Советот на Европа го прогласи 22 јули како Европски ден на жртвите на дела од омраза во знак на сеќавање и во чест на 77 недолжни лица што на овој ден во 2011 година ги загубија животите во бруталниот напад во младинскиот камп Утоја во Норвешка.

Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) апелира до сите учесници во јавна комуникација да се воздржат од говор на омраза, имајќи ја предвид врската помеѓу говорот на омраза и злосторствата од омраза.

ИМА ги повикува надлежните институции да ги спроведуваат законските одредби кои го санкционираат говорот на омраза, односно, декларативните заложби за справување со говорот на омраза да ги трансформираат во конкретни акции.

Latest Posts

Не пропуштај