Нашиот Робеспјер од Али Експрес и неговата Али Експрес „Левица“ – извадиле Али Експрес гилотина пред македонското Собрание.
Не знам дали припадниците на оваа линч толпа ја допрочитале историјата и дали дознале, дека токму тие што владееле со гилотина, и самите завршиле на гилотина.
Во меѓувреме, како и секогаш кога Али Експрес Робеспјерчето од Велес е во „акција“, голем дел од критичката јавност – молчи. Дали од неверување, или во знак на одобрување – сеедно. Молчат и институциите.
А можеби сите катарзично чекаат – да им дојде редот. Историјата е полна со примери што им се случувало на тие што молчеле и чекале да им дојде редот.
Така е тоа. Историјата се повторува. Најчесто како фарса. А во македонскиот случај, како урнебесна трагикомедија – од Али Експрес.
#AluminiumOverMaximum
#RobespierreOdAliExpress