Последни написи

Сарачини за ТВ 24: Ја губиме битката со дезинформациите и антизападната пропаганда на Руската федерација

“Дезинформациите се алатка во војната, можеби една од најуспешните алатки заради тоа што вие не трошите човечки ресурси, не гинат војници, не се употребува скапа опрема, а ефектот е страотен и е многу поголем некогаш од употребата на конвеционални воени дејствија или оружја”, истакна Петрит Сарачини, раководител на новоформираниот Институт за медиуми и аналитика ИМА, во гостувањето на ТВ24.

Сарачини се осврна и на истражувањето што го објави Фондацијата Метаморфозис пред неколку дена за перцепциите на македонската јавност што се однесува до дезинформациите.

“Еве неколку бројки цитирани: 88,5% од граѓаните перцепираат дека лажните вести, односно невистините и дезинформациите веќе претставуваат сериозен проблем кај нас, значи граѓанството е свесно за проблемот. Како главни ширачи на дезинформации кај нас се перцепираат политичарите со 90%, новинарите со 89% … потоа се социјалните мрежи, порталите. Граѓаните сметаат дека службите, дипломатите на ЕУ со 52% и на САД шират дезинформации повеќе отколку дипломатиите на Русија, која што на оваа скала е со 45%. Знаејќи ја реалната слика што значи ова, тоа значи дека тие одделенија во дел од руските безбедносни служби и други служби успеале да го наметнат тој наратив во нашата јавност. Ние знаеме како функционираат структурите на ЕУ во нашата земја, структурите на САД во нашата земја. Тоа се транспарентни проекти процеси итн. Како доаѓаат овие наративи до нашата јавност од страна на руската федерација…Од една страна имате едно транспарентно делување на нашите западни сојузници, од друга страна нетранспаретно делување на руската федерација но ефектот е за жал овој. Ја губиме битката со пропагандата на руската федерација тука во земјата, антизападната пропаганда”, укажа Сарачини.

YouTube player

Според Сарачини, проверката на факти е дел од новинарската професија, не треба тоа да го прави некој од надвор: “Новинарот, кога ќе го напише текстот, треба да седне, да провери секој факт што го напишал дали е точен”, истакна Петрит Сарачини, раководител на новоформираниот Институт за медиуми и аналитика ИМА, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24.

YouTube player

Latest Posts

Не пропуштај