Последни написи

Сарачини: Дезинформациите се безбедносна закана за земјата

YouTube player

„Дезинформациите се безбедносна закана за земјата“, истакна Петрит Сарачини, раководител на новоформираниот Институт за медиуми и аналитика – ИМА, на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, организирана од Фондацијата Метаморфозис во Скопје.
Според Сарачини, под удар на дезинформациите е медиумскиот систем, под удар се институциите, под удар е и општеството и граѓаните: „Ја губиме битката, за жал. Има некои кои што велат дека успешно се справуваме. За жал, не се справуваме успешно“, укажа Сарачини образложувајќи дека руската пропаганда успева да ги наметне своите наративи во земјава.
„Ни треба мејнстримирање на борбата против дезинформациите. Не е доволно веќе со тоа да се бават граѓански организации, кои што успешно го прават тоа, па се изложуваат на сериозни удари и закани од оние кои што шират пропаганда, а нема никаква одбрана. Не е доволно со тоа да се бават само неколку онлајн професионални медиуми. Погледнете ги највлијателните медиуми во земјава, дали гледате во нив содржини кои што се борат против дезинформациите? Не е тоа состојба како во САД, каде што борбата против дезинформациите и проверката на факти е важен дел на секоја мејнстрим редакција. Погледнете, факт-чекинг стории имате на CNN, на Њујорк Тајмс, на Вашингтон Пост, секаде. Кај нас мејнстрим медиумите, највлијателните медиуми не се бават со тоа, си ја сечат гранката на која седат, затоа што им дозволуваат на содржините кои што се лажни, но се далеку поатрактивни, да им ја земат публиката, да им го земат влијанието, а со тоа и парите“, истакна Сарачини.

Latest Posts

Не пропуштај