Аналитичарот Владимир Петрески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека дезинформациите околу војната во Украина пристигнуваат главно од нашиот северен сосед:
„Традиционално информативните врски со северниот сосед постоеле и постојат долго време, и со тие информативни врски пристигнуваат и дезинформациите. Сега веќе подолго време има воспоставени и канали за дезинформации кои постојат со години“, укажа Петрески.
