Последни написи

Забрчанец: Западот ја добива војната со руската пропаганда

Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, на гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, изрази мислење дека Западот ја добица војната со руската пропаганда:

„-Дефинитивно постои информациска војна, која не е ново, постоеше и порано. Но, она што се разликува е тоа што Западот излезе од таа вкочанетост кон руската пропаганда. Мислам дека Западот сега ја добива таа војна не само со руската пропаганта туку и со војната против демократијата“.

YouTube player

Забрчанец смета дека руската инвазија ја обедини демократијата, а дека руската пропаганда е конфузна:

„Руската инвазија ја обедини демократијата. Сега сите велат поддршка за суверенитетот, осуда на војната и апел за мир. Од друга страна пропагандата од Русија е сосема конфузна. Има обвинувања дека Украина има хемиско оружје, а да имаше ќе го употребеше“, вели Забрчанец.

Забрчанец смета дека Македонците се доминантно за НАТО, ЕУ и демократија: „Македонскиот народ има чувства кон Русија, но е против војна“.

Според Забрчанец, пропагандата за создавање паника дека ќе нема бензин или храна исто така не успеа: „Траеше паниката ден или два и толку. Има обиди за напади на комуникациските системи во земјава, тоа во виртуелниот свет е секојдневие, но одбраната функционира“, изјави Забрчанец за „Утрински брифинг“.

Latest Posts

Не пропуштај