Последни написи

Плукачите на Путин денес во Русија и плукачите на ВМРО-МВРО пред 5 години во Македонија

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
„Плукнете ги“ – е слоган на новата акција на Путин и неговата пропаганда и диктаторска власт во Русија врз оние што се против војната во Украина. Познато ви е од некаде? Ако не ви е, да ве потсети Младиќот.

Во периодот март-април 2017, како дел од жестоката пропаганда и контрапротести на ВМРО-МВРО кои кулминираа со крвавиот упад во Собранието на 27 април, беше и акцијата на плукање на новинари, јавни личности, активисти и опозициски политичари.
Еден од примерите беше плукањето во кафеана врз новинарот Борјан Јовановски од еден млад активист на ВМРО-ДПМНЕ.
Истиот тој, го видовме подоцна како се онесевестува на прес конференција во „шпалирот“ на Никола Груевски. Подоцна, по падот на режимот, младиот партиски активист беше забележан и како „загрижен граѓанин“ во „шпалирот“ на прес на Александар Митовски од Инфомакс пред Обвинителството, на кој овој жесток пропагандист, спружувач, оцрнувач и ширач на лажни вести кукаше дека му се загрозува „слободата на изразување“.
Како што гледате, што би рекол кантавторот Балашевиќ, „принцип је исти – све су остало нијансе“. Пропагандата на диктаторот Путин повикува јавно на акција – што веќе ја видовме и искусивме кај нас, пред 5 години, од пропагандистите и плукачите на Груевски.
Ваквите акции ја демонстрираат силата, но и очајот, а богами и крајот на еден режим. Барем така беше кај нас. Останува да видиме, уште колку месеци ќе потрае режимот на Путин во Русија, кој е очигледно во очај, штом дошла работата до плукање на политичките противници по улици.
Дај боже тој крај да дојде што побрзо, а диктатурата да потрае што пократко. За доброто на Русите и Русија, Украинците и Украина, а богами, и на целиот свет. Младиќот да посети и да каже, да не биде дека не било кажано.

Latest Posts

Не пропуштај