More

    10 години „Заедно за мир“

    пишува Петрит САРАЧИНИ
    10 години поминаа од 17 март 2012, кога неколку илјади граѓани се собраа во Скопје и маршираа за мир и сопирање на меѓуетничкото насилство во Македонија, кое се закануваше да ја втурне земјата повторно во конфликт.

    10 години потоа, ги нема тепачките по автобуси, улици, мостови…Власта и институциите веќе не произведуваат поделби и омраза, туку зборуваат за еднаквост и Едно општество за сите.

    Но, опасноста од меѓуетничките поделби и насилство е сè уште тука и гласна. Сè уште во земјава постојат сили и структури кои сакаат да не вратат онаму каде што бевме. Меѓу нив се и луѓе кои пред 10 години учествуваа на овој марш, очигледно, од некои сосем други побуди, бидејќи само некоја година подоцна, си го покажаа вистинското лице.

    Пишувам, за да не се заборави, и да се потсетиме дека мирот и добрите меѓуетнички односи се клучниот столб за опстанок и напредок на нашата татковина. На нив треба да се работи постојано и посветено, на сите општествени полиња.

    Почит и благодарност до сите граѓанки и граѓани кои придонесуваа и придонесуваат за нашето заедништво и еднаквост! Досегашните успеси, нека бидат поттик, да продолжиме на истиот пат, со истиот жар и посветеност како и до сега. Само така ќе успееме, само така ќе обезбедиме подобра иднина за сите нас, и за генерациите по нас!

     

     

    Exit mobile version