Последни написи

ХОПС: Со кратење на буџетот за превенција од ХИВ за 40%, Министерството за здравство го става на коцка здравјето на најмалку 10.000 засегнати граѓани

Здружението на граѓани ХОПС и активисти од други здруженија на граѓани протестираа против намалувањето на буџетот во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2022 година:
„Министерството за здравство скрати дури 40 % од средствата предвидени за превенција на ХИВ во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2022 година, која Владата ја усвои пред само еден месец. Со тоа, државата ги става во ризик од згаснување воспоставените капацитети за контрола на ХИВ-инфекцијата во земјава и го загрозува здравјето на најмалку 10.000 граѓани од маргинализираните заедници“, велат од ХОПС.

Latest Posts

Не пропуштај