Последни написи

Национал-шовинистите се подготвуваат да го искористат пописот за нов бран меѓуетнички тензии и омраза, ќе реагираат ли институциите?

Пишува: Петрит САРАЧИНИ
Само еден ден по средбата Апасиев – Баздникин, на социјалните мрежи, кај бот-профили, страници и на фејк-њуз портали се забележува координирана акција – најава за оспорување на резултатите на ланскиот попис, кој беше под жесток удар на национал-шовинистичката пропаганда и дезинформации, со кои се поттикнуваше бојкот и неуспех.

Таа операција пропадна. Но, очигледно е дека путинофилите и национал-шовинистите ќе се обидат да го искористат објавувањето на резултатите на пописот на крајот на месецов, за повторно да поттикнат меѓуетнички тензии, омраза и дестабилизација во земјава.
Како што реков, на социјалните мрежи веќе има десетици објави, на кои може да се забалежи зголемено дејствување во оваа насока, особено кај оние структури што се блиски до Апасиев и неговата путинофилска мразачка структура, но и кај други структури кои со години се дел од хибридните напади врз нашата земја.
До тогаш има две недели. Време е институциите да го спроведат Кривичниот законик кон оние што поттикнуваат и разгоруваат меѓуетничка нетрпеливост и омраза во земјава.
Во спротивно, немојте да се чудите ако повторно се најдеме во вртлогот на насилството и омразата.
Младиќот да предупреди со време, да не биде дека не било кажано!

Latest Posts

Не пропуштај