More

    (ВИДЕО) Стинг со нова изведба на хитот „Русите“: Помогнете и на Украина!

    Музичката супер-ѕвезда Стинг на Јутјуб објави нова изведба на неговиот вонвременски хит „Русите“ (Russians), со повик да и се помогне на Украина преку хуманитарни донации до организацијата Пол-сел, која дистрибуира помош до настраданите.

    „Ретко сум ја пеел оваа песна во многу години откако е напишана, бидејќи никогаш не мислев дека повторно ќе биде релевантна. Но, во светлината на крвавата и тажно погрешна одлука на еден човек да нападне мирен сосед кој не го загрозува, песната е, уште еднаш, молба за нашата заедничка човечност. За храбрите Украинци кои се борат против оваа брутална тиранија, како и за многуте Руси кои протестираат против овој гнев и покрај заканата од апсење и затвор – Ние, сите ние, ги сакаме нашите деца. Запрете ја војната.
    Залихите што се испорачуваат до овој магацин во Полска се испорачуваат во координација со Вооружените сили на Украина и гарантирано ќе одат до луѓето на кои им е најпотребна“, порачува Стинг во објавата на Јутјуб.

    Контактите на организацијата се:

    Pol-Cel
    Ramos Breska 63, 22-100 Chelm, Poland

    Секоја кутија со донација треба да се означи со  “HELP UKRAINE” и да се индицираат состојките: Лекови (“Medicines”), облека (“Clothes”), храна (“Food”), хуманитарна помош (“Humanitarian Aid”).

    Exit mobile version