More

    Сарачини: Пропагандата на Путин станува се пожестока на социјалните мрежи во Македонија

    Неколку месеци има зголемени дезинформации во врска со Украина и Русија, особено на социјалните мрежи од т.н. инфлуенсери и од некои портали кои одамна така функционираат. Тоа беше подготовка на теренот во насока на подршка на Путин, изјави медиумскиот истражувач Петрит Сарачини, во неговото гостување на Утрински брифинг на „Слободен печат“.

    Сарачини додава дека на традиционалните и професионалните медиуми руската пропаганда не поминува, но на одредени портали таа пропаганда станува пожестока користејќи ги „аргументите“ на Путин. На социјалните мрежи голем дел се ботови со лажни имиња, но има и реални ликови кои се блиски на ВМРО-ДПМНЕ кои отстапуваат од јавната политика на партијата.

    „Влијае на перцепцијата на еден обичен читател кога ќе види под некој напис 20 или 30 проруски коментари сеедно што станува збор за коментари од ботови. Русија сега работи на разоткривање лажни вести од западот користејќи лажни вести“, посочи Сарачини.

    Во врска со албанските читатели и медиуми, Сарачини вели дека има обид за упад на руска пропаганда и дека најмногу се користи верски наратив – еве, се тепаат христијаните меѓу себе, нека се дотепаат. Сепак, тие обиди се се уште ограничени и лимитирани на радикални поединци, на социјалните мрежи, како и на новопојавени, а не етаблирани портали и медиуми.

    Exit mobile version