Последни написи

Петиција на екологистите: Укинување на субвенциите за мали хидроцентрали за спас на реките

Да се заштитат реките од изградбата на мали хидроцентрали и да се укинат субвенциите за инвеститорите, апелираат македонските екологисти на Светскиот ден на реките.

Под мотото „Да ги оставиме реките слободно да течат!“ граѓанската организација „Еко свест“ организира петиција за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали и апелира граѓаните, од чии сметки за за електрична енергија се одвојуваат овие пари, да ја потпишат и да ја поддржат заложбата за спас на реките.

„Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста во некои од  некои од најживописните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како Пелистер, Маврово, Шар Планина, Караџица, Даутица, Кожуф, Малешевијата и многу други. Нивната изградба остава непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски видови, како и луѓето“, велат од „Еко свест“ и додаваат дека реките се крвоток на природата. Го оформуваат релјефот, го хранат биодиверзитетот, ја прочистуваат водата што ја пиеме и ја хранат почвата.

Светскиот ден на реките (International Day of Action For Rivers) веќе 25 години се одбележува на 14 Март. Годинава е посветен на солидарноста, кога се потенцира важноста заедниците да имаат пристап до чиста и проточна вода и важноста дека секој треба да има збор во донесувањето одлуки кои влијаат на нивната вода и нивните животи.

На овој ден во светот се нагласува важноста на реките за биодиверзитетот, бидејќи речните системи се зона на најголема биолошка разновидност на планетата, но и зона на најинтензивна човечка активност. Оваа година светот ќе се состане на 15-та Конвенција за биолошка разновидност каде се очекува да се дискутира за слатководните екосистеми кои се најдеградирани во светот и за глобалната акција потребна да се промени таа состојба.

извор: МЕТА

Latest Posts

Не пропуштај