Последни написи

Борел: Момент на будење за Европа, да почнат формалните преговори со Северна Македонија и Албанија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски,  истакна дека Севера Македонија и целиот регион се стратешки приоритет и ЕУ е посветена европската перспектива за овие земји да ја направи реалност, јавува МИА.

„Ова е момент на будење за Европа, момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Знам дека имате одредени очекувања и со право. Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Северна Македонија и Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција“, порача Борел денеска од Скопје.

Борел го поздрави новиот импулс во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и истакна дека ги поттикнува двете страни да најдат заемно прифатливи решенија и да ги разрешат билатералните прашања зашто, според него, проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања.

„Паралелно, реформите на Северна Македонија во владеењето на правото, борбата против корупцијата, дигиталната трансформнација и зелената агенда ќе овозможат брз прогрес кон преговорите. Сите актери треба да соработуваат за унапредување на европската реформска агенда како најбрз начин земјата да напредува на европската патека“, потенцираше тој. високиот европски претставник.

Борел ја поздрави позицијата на Северна Македонија во однос на руско-украинскиот спор, застанувајќи зад санкциите и осудувајќи ја агресијата на Русија врз Украина. Воедно, потпретседателот на ЕК најави нов, четврти пакет санкции за Русија.

Latest Posts

Не пропуштај