Последни написи

Дали Општина Кисела Вода ја финансира пропагандата на Путин во Македонија?

На прес конференција денес, Социјадемократскиот сојуз објави дека Општина Кисела Вода ангажирала партиски активисти и пропагандисти на ВМРО-ДПМНЕ како хонорарци во општината. Меѓу објавените имиња, се наоѓа и името на Наталија Митовска (порано Ивчева), сопруга на Александар Митовски, сопственик и уредник на порталот Инфомакс.

Инаку, според БИРН и истражувањето „Медиуми под лупа“, пред Митовски да истапи како главен во порталот, за прв човек на Инфомакс во јавноста се сметаше Наталија Ивчева, која е политичка активистка. Порано таа беше член на партијата Обединети за Македонија предводена од Љубе Бошкоски, а во 2012 година премина во ВМРО-ДПМНЕ. Ивчева тогаш објави дека ОМ престанува да постои и членството станува дел од ВМРО-ДПМНЕ, но таа информација подоцна беше демантирана од другите членови на ОМ, партија која постои и денес.

„Инфомакс е дневно-информативен онлајн-медиум основан во 2013 година. Во јавноста е познат како изразено десноориентиран медиум, не само во врска со домашната политичка сцена, туку и со меѓународната. Тоа се гледа од несразмерно поголемата застапеност на активностите и на ставовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, но и од фаворизирањето на ставовите на познатите европски и светски илиберални лидери, како рускиот претседател Владимир Путин, унгарскиот премиер Виктор Орбан, словенечкиот Јанез Јанша, италијанскиот политичар Матео Салвини и други“, пишува во истражувањето Медиумите под лупа на БИРН.

Како што велат истражувачите на БИРН, Инфомакс често ги пренесува анализите на руската новинска агенција во државна сопственост Спутник, за прашања поврзани со Македонија, со регионалната и со меѓународната сцена.

„Порталот често ги објавува и анализите на рускиот геополитички аналитичар Андреј Корибко, во кои тој порачува дека Западот работи против Македонија и таа треба да се ориентира кон Русија. Корибко е колумнист и на Спутник, каде што е претставен како експерт на Институтот за стратешки студии и предвидувања, специјализиран за темите „промена на режими, обоени револуции и неконвенционално војување““, пишува во профилот на Инфомакс објавен од истражувачите на БИРН.

Дали ова значи дека со парите на граѓаните и буџетот на Општина Кисела Вода, се финансира Путиновата пропаганда во Македонија?

Latest Posts

Не пропуштај