Во францускиот град Бијариц, локалниот активист Пјер Афнер упадна во вилата на ќерката на Путин, ги смени бравите, и објави дека вилата е подготвена да ги прими жртвите на режимот на Путин, особено украинските бегалци.
Оваа активистичка акција беше објавена на социјалната мрежа Твитер од Украине Ворлд, и предизвика цела лавина од споделувања и реакции.
Гардијан пак објави дека имотот му припаѓа на Кирил Шамалов, руски милијардер и поранешен сопруг на помладата ќерка на Путин, Катерина Тихонова. Хафнер и Савелиев тврдеа дека нашле еден од пасошите на Шамалов и превод на сметката за струја во Москва. Активистите биле приведени од француската полиција.