На социјалните мрежи денес се забалежуваат повеќе објави од познати активистки и активисти, политичарки и политичари, интелектуалки и интелектуалци и јавни личности против говорот на омраза кон министерката за одбрана, Славјанка Петровска, кој трае веќе подолго време преку оркестрирани напади на социјалните мрежи и повеќе портали.
„Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“, пишува во објавите на социјалните мрежи, кои споделуваат фотографија со примери на говор на омраза и навреди кон Петровска.