Рускиот воздушен напад на 3 март 2022 во кој се препоставува дека се убиени 47 цивили во Чернихив, може да се смета за воено злосторство, објави организацијата „Амнести интернационал“, по истрагата за нападот.
Според „Амнести интернационал“, воздушниот напад со осум бомби на улиците на Чернихив, е безмилосен напад врз цивили, кој треба да биде истражен од Меѓународниот кривичен суд.
„Амнести интернационал“ смета дека најголем дел од жртвите на нападот биле луѓе кои чекале ред за храна кога бомбите експлодирале.