Последни написи

СДСМ контра Мицкоски и Арсовска: Нема ниту буџет, ниту план за набавка на 100 електрични автобуси, има сомнеж за корупција

YouTube player

Според СДСМ, тврдењето на Мицкоски дека тој преговарал и веќе се подготвувала тендерска документација за набавката на нови автобуси отвора сериозни сомнежи за корупција:

„Сомнежите за коруција се основани, особено што во буџетот на Град Скопје нема ставка за набавка на 100 електрични автобуси, во Годишниот план за јавни набавки на Град Скопје исто така не е предвидена набавка на 100 електрични автобуси

Дали зад оваа набавка се кријат приватни интереси со странските фирми со кои на сомнителен начин е одлучено да се преговара?

Овој случај во многу наликува со набавката на кинеските автобуси пред 10ина година кога буџетот на државата бил оштетен за околу пет милиони евра.

По сето ова, на потег се надлежните институции кои мора да постапат.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата мора да постапат по овие наоди и да спречат нова криминална зделка на штета на граѓаните во град Скопје.“

Latest Posts

Не пропуштај